European Information Network: Active Learning Effective Teaching at School

 

ќе се рeализира во периодот од септември 2017 до август 2020  година. Училиште-координатор на проектот е Talatpaşa Ortaokulu од Турција  , а партнер-училишта се: ООУ „Христијан Карпош“, Македонија; Gesamtschule Ückendorf, Германија ; ISTITUTO COMPRENSIVO STATALE GIOVANNI PAOLO II, Италија; Viialan Yhtenäiskoulu, Финска, Agrupamento de Escolas de Frazão, Paços de Ferreira, Португалија и Zespol Szkol w Pobiedziskach.

 

Целите на проектот се:

 

§  Да се создадат нови, подобрени методи за зголемување на мотивацијата кај учениците, како и зголемување на нивниот интерес за активно учество во самиот воспитно-образовен процес;

 

§  Да се создадат нови, подобрени форми и методи за работа со ученици со пречки во развоја, како и на ученици кои наидуваат на потешкотии при совладување на наставниот материјал;

 

§  Да се подобрат професионалните вештини на наставниците преку дисеминација, како и размена на добра пракса со наставници од партнер-училиштата;

 

§  Да се создаваат пријателства надвор од границите на државите.

 

§  Да се помогне во градењето на довербата, на начин што ќе им се овозможи на учениците од различни земји да се запознаат и да создадат меѓусебно разбирање, да работат заедно во рамките на заедниците и да создадат културолошка толеранција.

 

§  Како наставници, да се создадат можности за соработка на заедниците низ целиот свет, ширејќи го учеството во меѓукултуролошкиот дијалог, користејќи го интернетот за меѓусебна комуникација како граѓани на дигиталната ера и овозможувајќи поголем пристап до најразлични светски перспективи и мислења.

 

§  Да се поттикнат интересите на учениците за другите земји и култури.

 

§  Да се мотивираат учениците да учат странски јазици.

 

§  Да им се овозможи на наставниците да го подобрат своето знаење и сфаќање за образовните системи во другите земји.

 

§  Да се подобрат социјалните способности и културолошките сфаќања на сите учесници..

 

§  Да се направи споредба на традицијата на сите партнери со секојдневниот модерен живот.