Да ја разбудиме еколошката свест кај најмладите,да живееме во чиста и здрава средина!
Во нашето училиште на 18 и 19 –ти Септември ,во соработка со ,,Пакомак,, возбудливо и едукативно дружење имаа нашите најмлади ученици од прво до петто одделение со Кристијан Шопов, кој преку детската едукативна претстава ,,Окус, покус-рециклирањето е во фокус,, им пренесе знаење за рециклирање и реупотреба на е-отпадот и начинот на селектирање на истиот. Радосни, среќни и возбудени нашите најмлади ученичиња, беа задоволни затоа што беа дел од големиот Еко-Караван на Шопов.