фиданка

Download
Излезе најновиот број на нашето списание!
Преземете го со кликнување на копчето Download!
магазин-фиданка-ПДФ.pdf
Adobe Acrobat Document 4.1 MB

6 Април е светски ден на обновливи и необновливи извори на енергија.Во таа чест денес ,сите засадете по едно цвеќе или дрво,полевајте го и грижете се за него!



ФИДАНКА, бр. 5 (2020 година)

„Фиданка“ е списание на учениците и вработените од ООУ „Христијан Карпош“ од Куманово што ги третира проблемите од областа на екологијата. Списанието можете да го прочитате тука, или тука!


Во петок 28.10.2016 со почеток во 12:00 часот ќе се одржи предавање за електричен и електронски отпад како дел од еко- активности на училиштето со наслов „Ајде да рециклираме“

 


          Денес е 21 март, првиот ден на пролетта, денот кога се буди природата. Започнуваат птиците да пеат, цвеќињата да расцветуваат, пеперутки шарени да летаат, фиданки млади да раззеленуваат.

Денеска и нашата „Фиданка“  нашето прво еколошко списание почна да раззеленува и со мала промоција сакаме да го одбележиме нејзиното раѓање и да и дадеме поттик да расте и да не радува.

Денес е прв пролетен ден, но денес е и ден на екологијата. Овој ден треба да не потсети дека сите ние сме овде токму благодарение на природата. Природата е наша мајка, дарителка на нашиот живот. Затоа наша исконска должност е вечно да ја чуваме. Да бидеме екологисти, чувари на нашиот извор на живот, секогаш и секаде.

21 март ќе помине но нашата „Фиданка“ ќе продолжи да расте и постојано да не потсетува дека секој ден е „Ден на природата“.

Преку содржините на списанието и ние самите докажуваме и покажуваме дека екологијата како наука е интересна, разновидна и се понеопходна во нашите животи. Таа нуди широк хоризонт на активности и многу занимливости.

Во име на првиот број на еколошкото списание од денеска започнува наградната игра „Фиданка наградува“. Во оваа наградна игра учество може да земат сите одделенија од прво до деветто како оделенска заедница со решавање на еколошкиот крстозбор кој се наоѓа на страниците на списанието.

Глобално да мислиме локално да делуваме и секој да ги исполнува сопствените одговорности за екологијата.

Не ни преостанува ништо друго освен да и посакаме на „Фиданка“ многу броеви, многу страници исполнети со еколошки мисли, идеи и наши трудови.

„Да си вечна и постојано зелена, мила наша Фиданке!“

 

 

Уредници на списанието

Биљана Петковска – одделенски наставник

                                                                                                            Дејан Младеновски- професор по географија  

Download
Фиданка
Fidanka- FINALNO.pdf
Adobe Acrobat Document 4.4 MB

ИНТЕГРАЦИЈА НА ЕКОЛОШКАТА ЕДУКАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ

По повод 5-ти Март, Светскиот ден на енергетска ефикасност, во рамките на ИНТЕГРАЦИЈА НА ЕКОЛОШКАТА ЕДУКАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ“во ОУ „Христијан Карпош“ - Куманово беше реализирана еко-кампањата „Необновливи и обновливи извори на енергија“.Целта на овој проект е да се прикаже на учениците и наставниците презентација за добивање и рационално користење на електричната и топлинската енергија во училишната зграда со цел потикнување на свеста на учениците и наставниците за рационално користење на енергијата како и намалување на потрошувачката на електрична енергија во училиштето.Презентирање на обновливи и необновливи извори на енергија е со цел да се обнови знаењето и да се научат некои новини.Учениците и вработените наставници се запознаа со начините на заштеда на енергија во домот и училиштето.


Осми март

По повод Осми март светскиот ден на жената,на часовите по ликовно образование под менторство на професорите по одделенска настава беа одржани повеќе работилници со родители и ученици накои беа изработени разни честитки и украси од рециклирани материјали,со цел да се подигне еколошката свест кај учениците дека секое парче хартија или друг отпаден материјал може да биде реупотребен и правилно искористен за други намени .Сите изработки беа изложени во училишниот хол и во ликовните катчиња на секоја паралелка.

Еко-акција: „Ден на дрвото-засади ја својата иднина!“

Под мотото „Засади здравје! Засади здрава иднина! “ денеска на 27.11.2013г. нашето училиште „Христијан Карпош“ се приклучи кон 12-та по ред Еко-акцијата „Ден на дрвото“-засади ја својата иднина“ . Цел на проектот е  подигање на еколошката свест кај учениците и вработените, дружење за постигнување на повисока цел, здрава животна средина.

 

.Еко-акцијата се одвиваше во нашиот училишен двор каде беа насадени 10 млади садници од даб. Тие беа претходно насадени од семенски материјали од страна на нашата Еко екипа во месецот Мај. . Планирано е вакви садници да се расадат и во пролет.-Покрај оваа имаше и други Еко активности – (одржување на хигиена,украсувње на еколошките катчиња,освежување на саксиското цвеќе)  во кои учествуваа ученици, наставници и останатиот персонал од нашето училиште.Сите заедно ја демонстриравме личната одговорност за зачувување  и разубавување на животната средина. 

Светски ден на заштеда на енергија

По повод "Светски ден на заштеда на енергија", организирано од страна на еко тимот во нашето училиште, се одржаа неколку презентации на различни теми. Прочитај повеќе!

,,Здрава храна за детство без мана“

Кампањата беше спроведена во централното и во подрачните училишта, во речиси сите одделенија. Сите наставници добија задача да реализираат час со содржина ,,Здрава храна за детство без мана.“ Прочитај повеќе!