Извештај за Светски ден на рециклирање

 

По повод одбележување на Светски ден на рециклирање -13 ти Октомври ,во рамките на проектот ,,Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем,, како и во соработка со ,,Електроелект ,, и Шпаркасе банка,, под мотото ,,Рециклираме ,твориме и штедиме со Електроелект и Шпаркасе банка,, , во нашето училиште  беа спроведени низа активности.Беше распишан  ликовен конкурс и одржани се ликовни работилници на тема,,Заштите на животната средина,, во фокус на рециклирање на е-отпад.Одржани се и повеќе работилници на тема,,Рециклирање,, на часовите по природни науки и биологија.За нашите ученици од шестто до деветто одделение беше одржана и едукатвна презентација и предавање подготвено од наставниците: Габриела Бошковска(физика),Наташа Ставревска(хемија) и Драгана Божиновска(биологија)на тема ,,Рециклирање,,.Покрај тоа беше направена и изложба во холот на училиштето од творбите изработени на ликовниот конкурс од страна на нашите ученици, а најуепешните творби беа испратени на наградниот конкурс на адреса на ,,Електроелект,,.