INTEGRATING STEM WITH CLIL

 

ќе се рeализира во периодот од септември 2017 до август 2020  година. Училиште-координатор на проектот е ST BRIGID'S PS TIRKANE од Велика Британија  , а партнер-училишта се: ООУ „Христијан Карпош“, Македонија; ZPO , Szkola Podstawowa im. S. Zeromskiego w Strawczynie, Полска ; Scoala Gimnaziala Numarul 5, Романија, OZEL KIRSEHIR KOLEJI, Турција  и Hazelwood Primary School, Велика Британија.

 

Целите на проектот се:

 

Овој проект е целосно во согласност со Европската стратегија за развој на образованието за надминување на проблемот со дефицитот на работни вештини.

 

§  Да се создадат нови, подобрени форми и приоди за работа, кои би резултирале со зголемување на мотивацијата кај учениците, како и зголемување на нивниот интерес за изучување на предметите од областа на природните науки, како и странските јазици.

 

§  Да се подигне свеста на учениците за важноста на изучување на природните науки, како основа при избор на идните занимања и кариери.

 

§  Да се подобрат професионалните вештини на наставниците преку дисеминација, како и размена на добра пракса со наставници од партнер-училиштата;

 

§  Да се создаваат пријателства надвор од границите на државите.

 

§  Да се помогне во градењето на довербата, на начин што ќе им се овозможи на учениците од различни земји да се запознаат и да создадат меѓусебно разбирање, да работат заедно во рамките на заедниците и да создадат културолошка толеранција.

 

§  Како наставници, да се создадат можности за соработка на заедниците низ целиот свет, ширејќи го учеството во меѓукултуролошкиот дијалог, користејќи го интернетот за меѓусебна комуникација како граѓани на дигиталната ера и овозможувајќи поголем пристап до најразлични светски перспективи и мислења.

 

§  Да се поттикнат интересите на учениците за другите земји и култури.

 

§  Да се мотивираат учениците да учат странски јазици.

 

§  Да им се овозможи на наставниците да го подобрат своето знаење и сфаќање за образовните системи во другите земји.

 

§  Да се подобрат социјалните способности и културолошките сфаќања на сите учесници..

 

§  Да се направи споредба на традицијата на сите партнери со секојдневниот модерен живот.