На 10 мај во просториите на Занаетчиски дом одржавме промотивен настан за резултатите од Еразмус+ проектот: "Дигитализација и инклузивно образование" (ДигИн). Пред присутните наставници, стручни соработници и образовни асистенти од основните училиштата во општината, како и пред претставници од ресурсниот центар "Иднина", ги претставивме продуктите кои произлегоа од проектот ДигИн, координиран од Универзитетски колеџ за образование на наставници Штаерска (University College of Teacher Education Styria), Грац, Австрија. Благодарност до м-р Розита Петринска Лабудовиќ, претседател на Здружението "Образование за сите" од Скопје, партнер во проектот, како и до д-р Милена Илиќ Пешиќ, дефектолог од ООУ "Браќа Миладиновци", за нивните излагања со кои го збогатија настанот.

Нашето училиште се најде меѓу 24 училишта од Македонија🏫 кои ја добија ознаката: #etwinning ознака за училиште 2023❗ Продолжуваме да ги негуваме вредностите на #etwinning во нашето учиилиште: иновација, соработка и пример за други училишта. 🏫 На линкот подолу можете да видите кои училишта ја добија оваа ознака 👇 https://school-education.ec.europa.eu/en/insights/news/etwinning-school-label-2023-2024?fbclid=IwAR2sralzTOJ2g7eN50tRFDMN4Li4hp1M5tjIFRjf9nK19l7N07Re5AoruhA


Дигитализација и инклузивно образование (DigIn): Никој да не заостане во дигиталната ера (Erasmus+, 2021-2023)

 

Примарна цел на проектот:

Целта на овој двегодишен проект (01.06.2021 – 31.05.2023) е да се зголеми квалитетот на дигиталното образование за учениците со попреченост, преку зајакнување на профилите на наставниците. Проектот ќе даде придонес кон зајакнување на професионалните компетенции на наставниците во задолжителните образовни циклуси на полето на дигиталното и инклузивното образование. 

 

Цели на проектот:

1. Креирање и спроведување на обука за наставници со цел зајакнување на дигиталните компетенции на наставниците и зголемување на нивните способности за поддршка на учениците со попреченост без оглед дали работат во инклузивна училница, со комбинирана или настава на далечина.

2. Креирање на нови техники и материјали за вклучување на учениците со попреченост во дигиталното образование, вклучувајќи директни иксази од наставници, наставни видеа, планови за наставни единици и примери од добра пракса.

3. Развивање на алатки кои на наставниците ќе им служат како водилки за пристапноста на постојните алатки (на пр. комуникациски платформи, апликации за учење итн.) базирани на критериумите согласно Универзалниот дизајн на учење и поучување и нивните педагошки стратегии.

4. Можност за следење на обуката и по завршување на проектот како онлајн ресурс за сите заинтересирани идни и веќе искусни наставници.

5. Евалуација на дигиталниот потенцијал и инклузивните практики во училиштата (SELFIE студија)

 

Очекувани исходи:

1. Тренинг програма за наставници во 5 модули

2. Прирачник со примери од добра пракса

3. Инструмент за проверка на алатките

4. Инструмент за проверка на спроведеното

5. Теренска споредба на дигиталниот потенцијал на инклузивните училишта со употреба на SELFIE алатката

6. Четири студии на случај

7. Пет академски публикации во кои сознанијата ќе ѝ бидат претставени на меѓународната јавност.

 

Целни групи

Директни целни групи:

• Вработени наставници

• Наставници-приправници

• Наставнички здруженија и организации

 

Индиректни целни групи:

• Ученици со попреченост и нивни родители/семејства 

• Директори на училишта

• Други професионалци од тимот одговорен за детето (на пр. образовни асистенти)

 

„ДигИн“ е проект од програмата Еразмус+ Партнерства за подготвеност за дигитално образование. Референтниот број на проектот е: 2020-1-AT01-KA226-SCH-092523.

Шесте партнери во проектот се од четири држави: Австрија, Босна и Херцеговина, Италија и Северна Македонија.

Партнерите претставуваат четири типа на образовни институции - три универзитети, едно основно училиште и две граѓански организации од областа на (инклузивното) образование.

 

Линк до официјалната веб-страна на проектот: https://www.digin-education.at/mk

 

Почитувани,
На линкот подолу имате можност одблиску да се запознаете со тимот и целите на проектот. Билтен бр.1:
Почитувани,
На следниот линк ке го најдете Билтенот бр.2, кој Ви носи информации за онлајн курсот за усовршување на дигиталните компетенции на наставниците при работа со ученици со попреченост, а се навраќаме и на сработеното во првата година од проектот.

ДигИн

Третата транснационална средба на координаторите на Еразмус проектот: "ДигИн, Во чекор со дигиталната ера" се одржа на 24 и 25 октомври во Бриксен/ Бресаноне, Италија. Координаторот на проектот од нашето училиште , заедно со координаторите од Скопје, Сараево, БиХ, Австрија и Италија дискутираа за процесот на имплементација на пилот- програмата за унапредување на дигиталните компетенции на нашите наставници при работа со ученици со и без попреченост, која во моментов ја следат нашите наставници, а истата наскоро ќе имаат можност да ја следат и наставници од останатите училишта во општината и пошироко. Во тек е изработка на Прирачник со примери од добра пракса, во кој свој придонес имаат и неколку наставници од нашето училиште. Горди сме што во текот на првото тримесечје следната година ќе бидеме организатори на мултипликациски настан за популаризација на тренинг програмата, како и на последната, четврта средба на проектни координатори. Повеќе информации за проектот може да најдете на следниот линк: https://www.digin-education.at/mk.

инклузивното образование

Почитувани,
Ни претставува особена чест и привилегија да ве информираме дека нашето училиште, ООУ "Христијан Карпош" Куманово, стана партнер во 2-годишниот проект ДигИн, финансиран од Европската Унија, а во партнерство со три универзитети и две граѓански организации од областа на инклузивното образование. Заедно со партнери од нашата држава, Босна и Херцеговина, Австрија и Италија, нашето училиште ќе биде пилот-училиште за спроведување на обуката за примена на дигитални алатки во инклузивна настава. Главни цели на на ДигИн проектот се:
-Креирање на обука за зајакнување на дигиталните компетенции на наставниците при нивната секојдневна работа со ученици со попреченост
- Дизајнирање на нови техники и материјали за активно вклучување на учениците со попреченост во дигиталното образование
-Развивање на алатки и насоки за лесен пристап на наставниците кон истите и нивна активна примена во воспитно-образовниот процес
-Проценка на дигиталниот потенцијал и инклузивните практики во училиштата со помош на SELFIE студијата.
Проектот ќе трае до 2023 год. Прочитајте го нашиот прв билтен за да дознаете повеќе за она што допрва следи! Линк до е-верзијата: https://sway.office.com/As0iHENMeJQWEorT

Проектот "Детски права" е проект на ОУ Христијан Карпош, имплементиран во соработка и подршка од ФООМ и ПЦФ. Од неодамна започнавме со одржување работилници во кои ги запознаваме учениците со нивните права, особено при користење интернет, а со истото продолжуваме и во иднина. Нашата брошура, која ги опфаќа почетните активности, е спремна за прелистување! :)

 

 

Списанието "Мостови на доверба"доаѓа во две форми:

- Печатена форма, која се доделуваше за време на промоцијата и,

- Електронска, проширена верзија, до која може да дојдете така што ќе кликнете тука!

 

Во изработката на електронската верзија си земавме за слобода да направиме списание со дизајн и распоред кој е различен од печатеното. Низ четириесетте дигитални страници ќе можете да го прочитате интервјуто со нашата директорка, да дознаете информации за училиштето, да прочитате бројни творби од нашите ученици, како и да ги погледнете нивните уметнички излагања.

 

Списанието може да се чита онлајн, да се оценува, да се става во омилена колекција на посетителите, да се споделува преку социјалните мрежи, да се поставува на веб сајтови, да се печати или да се преземе во .pdf форматот како би се читало и кога се нема пристап до интернет.

 

Пријатно читање и не заборавајте да ги споделите вашите импресии така што ќе оставите коментар!

 

_______________________________

Соработка на ОУ "Христијан Карпош" - Куманово и Фондација Отворено Општество Македонија преку проектот 830'210 Програма за образование на Роми, Песталоци. Имплементација на Локален курикулум за меѓукултурно образование во наставата по општество во V одделение, деветгодишно основно образование.

 

Изработиле: Професор по одделенска настава: Биљана Петковска, ОУ "Христијан Карпош" - Куманово 

 

Соработник и консултант за интеркултурно образование: Александра Павловска, Фондација Отворено Општество, Македонија.

 

содржина: Етнички Заедници со цели:

 

- да се запознаат со основните карактеристики на етничките заедници кои живеат во Р. Македонија

- да изработат плакат со слики и текст

- да соработуваат во група и заеднички да работат