Известување за освоена награда на ликовен конкурс

 

Во склоп на активностите по повод Светскиот ден на рециклирање 13 Октомври ,на ликовниот конкурс распишан од ,,Електроелект,,,а во конкуренција од над 250 творби од околу шеесетина училишта низ Македонија,нашата ученичка од IX-г одд. Јулија Трајановска, под менторство на наставникот  Габриела Бошковска освои награда со својата ликовна творба на ликовниот конкурс"Рециклираме, твориме и штедиме со Елколект и Шпаркасе банка" .  наградените творби ќе бидат испечатени во еко календар за следната година, ученичката и менторот добија пофалници, а за нашата креативна ученичка  следуваше и штедна книшка од Шпаркасе банка со почетен влог од 3.000 денари.Манифестацијата беше одржана во Музејот на Македонија –Скопје,а менторот и нашата ученичка ја примија наградата заедно со директорката Лидија Костиќ,која несебично  ги подржува учениците и вработените во сите манифестации.