Детска Недела, октомври 2021

Во текот на оваа недела во нашето училиште беа организирани низа активности по  повод  Детска недела. Беше организирана изложба со цртежи од учениците од второ до петто одделение. Во училишната сала се изведоа „Игри без граници“ со ученици од III  одделение, под  водство на професорката по физичко и здравствено образование Николина Милорадовска. Учениците од прво одделение цртаа со креда на плочникот во училишниот двор. Во петок првачињата со давање  заклетва станаа  членови на Детска организација.

 

 Среќно првачиња!

Детска Недела, октомври 2017


 

Тема

 

Одбележување на детската недела во ООУ „Христијан Карпош“ - Куманово

Цели

 

-          Свечен прием кај граданочалникот на општина Куманово;

-          Организирање на спортски натпревари - поттикнување на натпреварувачки дух;

-          Организирање на игри без граници - почитување на правила на игра и спортско навивање;

-          Развивање на креативноста - ликовно творење;

-          Промоција на детска стихозбирка „Детски лирски треперења“;

-          Свечен прием на првачиња во детска организација на Маедонија;

-          Поттикнување на соработка, меѓусебно помагање, активно слушање и вкучување на сите ученици во активноста;

-          Промоција и претставување на учениците и училиштето – мотивационен ефект;

-          Размена на искуства и идеи.

Целна група

Ученици од ООУ „Христијан Карпош“

Место

ООУ „Христијан Карпош“ - Куманово

Број на присутни

Околу 500 ученика   

Опис:

  Според годишниот план и програма за работа на ООУ „Христијан Карпош“ - Куманово и програма на комисија за детска организација една од планираните активности е организирање и ативно учество на учениците по повод одбележување на детската недела во период од 02.10.2017 до 06.10.2017. За оваа цел во нашето училиште се организираа низа на активности по претходно утврдена динамика и тоа:

- ден, 02.10.2017 (понеделник), прием на ученици кај градоначалникот на општина Куманово. Во оваа активност зедоа учество три ученика од нашето училиште;

- ден, 03.10.2017 (вторник) беа организирани спортски натпревари меѓу одделенија. Учениците со задоволство зедоа учество во овој тип на активности;

- на ден, 04.10.2017 (среда) беа организирани Игри без граници меѓу учениците од IV одделение од нашето училиште;

- на ден, 05.10.2017 (четврток) се одржа промоција на детска стихозбирка „Детски лирски треперења“ во просториите на ООУ „11 Октомври“ - Куманово. Во оваа активност зедоа учество ученици од осмо одделение од нашето училиште. На истиот датум учениците од нашето училиште од одделенска настава твореа на тема детски права и обврски. Своите творби ги преточија во литературни и ликовни творби претставени на училишната изложба во холот на училиштето или насликани директно во училишниот двор;  

- на ден, 06.10.2017 (петок) беше затворена детската недела со пригодна манифестација за прием на првачиња во детската организација на Македонија. Оваа манифетација беше организирана во холот на училиштето и на неа заедоа учество: ученичка од IIа одделение, учениоци од IV одделени (индивидуални и групни точки) и ученици од Vб одделение. Гости на манифестацијата беа деца од градинката „Анѓел Шајче“ од Куманово. Гостите исто така зедоа учество во свечената приредба со три свои литературни и ритмички точки. Манифестацијата беше наменета и проследена од учениците од прво одделение, а присуствуваа и ученици, родители и наставници од нашето училиште. Секоја точка беше наградена со громогласен аплауз, а првачињата ги добија своите први детски пасоши.  

 

Заклучоци:

-          Посетен градоначалникот на општина Куманово;

-          Учество на ученици на спортски натпревари;

-          Учество на ученици на игри без граници;

-          Изготвени над 100 ликовни и летературни творби;

-          Промовирана детската стихозбирка „Детски лирски треперења“;

-          Организирана свечена приредба за прием на учениците во детската организација на Македонија;

-          Учениците од прво одделение станаа членови на детската организација на Македонија;

-          Поттикната соработка, меѓусебно помагање, активно слушање и вкучување на сите ученици во активноста;

-          Промовирана и претставена работата на учениците и училиштето;

-          Разменети искуства и идеи.

 

Забелешки:

 

   Детската недела протече во пријатна атмосфера. Учениците пројавија желба и интерес за почесто организирање на овој тип на настани.